2win800x200

Донација на Водовод за реновирање на санитарните јазли во Инфективното одделение

Јули 14, 2021

Јавното претпријатие „Водовод“ од Битола како граѓанско одговорна компанија донира 400 000 денари за реновирање на санитарните чворови во Инфективното одделение при Клиничката болница во Битола.

Првиот човек на ЈП „Вододвод“ Горан Козаров денес потпиша меморандум со директорката на Клничката болница од Битола Билјана Гагачовска за донацијата која ќе биде искористена за подобрување на условите на Инфективното одделение.  

„Ова не е прва донација од Водовод за Болницата. Лани дониравме 1,2 милиони денари за изведување на комплетна водоводна инфраструктура за модуларната болница. Ние како јавно претпријатие кое работи за доброто на граѓаните презедовме обврска и сега даваме донација од 400 000 денари за комплетно реновирање на санитарните чворови на Инфективното одделение. Комплетно се реновираат машките и женските тоалети. Обврска ни е да помогнаме, во пресрет на она што е најавено дека ќе дојде, нов бран на ковид кризата да се овозможат подобри услови за пациентите“, рече Козаров. 

Тоалетите се очекува да бидат реновирани до крајот на август, а можно е и побрзо. 

„Во 2020 година ни се случи пандемија која не затекна. Затекнавме една зграда изградена од 1972 година која добро ни послужи, но со години беше оставена на забот на времето и заборавена, но во целиот овој период добро фукнционираше и добро ни се најде во условите такви какви што беа. Сега се обидуваме да се подобрат условите онолку колку што е можно, се подготвуваме за следниот бран. Благодарност до Водовод, претпријатие кое по втор пат ни помага. Се реновираат целосно санитарните чворови со цел да бидеме подобро подготвени за бранот кој што следува. Ги имаме капацитетите на модуларната болница каде првенствено ќе се сместуваат пациентитње, но не мируваат ни другите болести од инфектолошка природа, па мора да бидеме подготвени“, рече Гагачовска. 

217488687 509641900315405 969267686384125361 n

Директорот на Водовод, Горан Козаров рече дека како пацинет кој се лекувал од ковид-19 бил задоволен од услугата на здравствениот персонал, па ќе донира и клима на Интерното одделение во Битола. 

„Како пацинет во ковид одделението и поддршката од докторите што ја добив, доставив барање да донирам клима на Интерното одделение. Јас како задоволен пацинет сакам да ја донирам со помош на приватната фирма Битлсат да ја донирам од мое лично име. Деновиве ќе биде испратена во Болницата  и монтирана“, рече Козаров.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани