2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Уште немаме одлучено кој ќе биде кандидат за градоначалник во Битола, но низ општините 95 проценти од кандидатите ќе бидат нови, рече Мицкоски

Јули 17, 2021

„Сѐ уште немаме одлучено кој ќе биде нашиот кандидат за градоначалник во Битола, сеˋ уште траат анкетите и мерењата, се` уште трае иницијативата за собирање на проекти со кои ќе излеземе прерд битолачни. Би замолил за малку трпение и разбирање. Очекувам дека во втората половина на август би можеле за поконкретни имиња да зборуваме и за проектите со кои ќе излезме пред битолачни. Тоа нема да биде како во изминатите четири години што некои кажуваа за проекти, туку ќе биде нешто сосема поразлично“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој во Битола присуствуваше на 31 роденден на Општинскиот комитет на партијата.

Тој рече дека не му е важно кој ќе им биде противкандат од СДСМ во Битола зашто според првата објава на Заев за 31 кандидат за градоначалници низ општините биле стари имиња и не е понудено ништо ново.

„Навистна жалам што владеачкото мнозинство и локалната самоуправа во изминатите 4 години не успеаја да привлечат нови свежи луѓе со нови идеи туку се потприраат на старите корумприрани градоначалници. На престојните локални избори ние изгледуваме со комплетно нова структура на кандидати за градоначалници, повеќе од 95 проценти од имињата ќе бидат луѓе кои за првпат ќе ја барат довербата на гаѓаните. Имаме нова структура на кандидати за градоначалници, можам да кажам дека процесот на реформа во ВМРО-ДПМНЕ заврши, почнуваме со реформа во Македонија“, рече Мицкоски.

Меѓу присутните беа голем број од поранешните директори на институциите во Битола кога партијата беше на власт, а Мицковски при влезот во Пациото, а и за време на манифестацијата го придружуваше и владиката Петар. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани