АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Кога ме прашуваат од каде се парите? Патите се од тендерските постапки кои остануваат зашто не влегуваат во џебот на градоначалникот. Ова се здрави политики со кои Битола поинаку свети. Ние сме единствена општина во Македонија која осветлувањето го прави со сопствени средства. Наместо да овозможиме некој друг да ја зема нашата заработувачка и заштеда , таа повторно влегува во буџетот на Општината и повторно се враќа кај граѓаните. Ете таа е разликата. 11 000 сијалични места тоа е нашиот трагет кој завршно со нашиот мандат ќе биде исполнета. Фактите ќе покажат дека ова се здрави политики“, рече градоначалничката Наташа Петровска на трибината „Најдоброто за нашата општина“.
-Битола цела оваа година ја нарекуваме цветна Битола зашто никогаш до сега не била таква. Некои советници желни за власт не споредуваа со градови каде имало садници 2000 до 3000 , Битола минатата година постави 50 000 расад на зелени површини , 50 000 цветни садници. Скоро да не постои мало каде што немаме детски реквизити. Во моментот се прават и нови 2 од досегашните 60 што се оплеменети. Нема место, нема клетка каде што не сме допреле. Поставиваме 90 000 метри квадратни плочки, покриваме калишта кои биле оставени со децении. Кога одам меѓу граѓаните често пати ги слушам зборовите 20, 30, 40, 50, 60 години нерешени урбанистички и други проблеми. И некој што сега се бори за власт ми зборува за 30 години. Нему ќе му кажам во друга прилика многу повеќе од овие 30 години што ги спомена“, рече Петровска.