АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За првпат античкиот локалитет Хераклеја и амфитеатарот во неа станаа пристапни за лицата со инвалидитет. Во рамките на проектот „Смарт-кул-тур“ финансиран од ЕУ преку ИПА фондовите за прекугранична соработка поставени се лифт и метални пристапни рампи со кои се совладани архитектонските бариери во локалитетот. Со ова лицата со инвалидитет ќе можат да ги следат културните настани кои се одржауваат во Херајлеја, а и да го разгледаат локалитетот.
Направени се и други инфраструктурни пристапни зафати, а целосно реконструиран е и таканаречениот Римски пат кој води до локалитетот, осовременет е музејскиот простор, а изработени се и на аудиоводичи на седум јазици.
„Општина Битола за првпат во прокет за прекугранична соработка е лидер. Обезбедени се средства во висина над 704 000 евра и направен се сериозни инфраструктурни зафати во делот на пристапност до самата Хераклеја со таканаречерниот Римски пат каде целосно е преуреден коловозот, архаично е адаптиран на локалитетот, целосно е променето осветлувањето. “, рече Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола.
Партнери во проектот се Општините Битола и Пустец, Завод и музеј- Битола, Регионален директорат за култура од Корча и МКЦ- Битола. Вкупниот буџет за „Смарт-кул-тур“ е 704.590 евра, од кои 85 проценти ги обезбедува ЕУ, а останатите 15 проценти државата.
„Со овој проект се дава можност за регионален развој на туризмот. Но, да напомениме дека завршена е реконструкцијата на зградата на Офицерскиот дом, моментално се работи на партерното урредување каде Општина Битола учествува со 300 000 евра, го опремивме Киното Манаки со најсовремена опрема, променивме дел од излозите на дуќаните во старата чаршпија, издвоивме средства за застаклување на просторот каде се откриени темелите на црквата Свети Ѓорги и 10 објекти означивме со QR коодови. По панденмијата широко да ги отвориме портите на нашиот град за што повеќе туристи“, додаде Петровска.
-Ја поддржавме реконструкцијата на Римскиот пат за да се врати неговиот првобитен изглед, помогнавме да се подобри пристапот на локалитетот за посетителите, вклучително и на оние со попреченост. Повеќе луѓе ќе можат да уживаат во убавините на локалитетот“, рече евроамбасадорот Дејвид Гир при денешаната промоција на адапатциите во Хераклеја.
Од албанска страна се реконструираше постоечката стара училишна зграда, во која ќе има поставка на Стерјо Спасе во село Глобочани, Општина Пустец,
„Со ова се прави значен придонес за прекуграничната соработка во регионот кој долгорочно има за цел да го зголеми квалитетот на туристичката понуда со поширокиот регионален опфат почнувајќи од Битола преку Преспа до Корча. За прекуграничната соработка развиени се уште 5 туристички пакети за регионот Пелагонија –Корча “, рече премиерот Зоран Заев кој денес ја посети Херајлеја.