2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Владиката Петар бил задржан од Финансиската полиција на скопскиот аеродром, па пуштен-тој тврди настанала грешка

Април 11, 2018

Митрополитот Преспанско пелагониски, г. Петар,  попладнево бил задржан на скопскиот аеродром од страна на Финансиската полиција, но, како што изјави за Апла.мк, бил пуштен откако се утврдило дека бил задржан по грешка.


-Повикав адвокат, тој ја ја расчисти работата, направиле грешка. Но, не сакам јас да коментирам, можете да го побарате мојот адвокат, рече Владиката Петар и додаде  дека се подготвува да продолжи со летот за Австралија.


Сепак, не успеавме да го добиеме адвокатот на Владиката Петар, Љубомир Михајловски-Џанго, кој беше недостапен на својот мобилен телефон, за да објасни за што Финансиската полиција го задржала, па го пуштила митрополитот на скопскиот аеродром.

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани