АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Управата за финансиска полиција во врска со задржувањето на владиката Петар денеска на Меѓународниот аеродром Скопје соопшти дека има одредени сознанија, но бидејќи се работи за предмет кој, како што наведува, е во предистражна постапка не е во можност да сподели информации со јавноста, пренесува МИА.
- Во врска со информациите околу денешните случувања со владиката Петар, кога истрагата ќе биде во фаза која дозволува споделување на информации со јавноста, а тие нема да ја нарушат истата благовремено ќе информираме, соопшти Управата за финансиска полиција
Митрополитот преспанско-пелагониски Петар денеска за апла.мк потврди дека накратко бил задржан на Скопскиот ааердором на барање на Финансиската полиција.
Но, рече дека било грешка во процедурата, по што бил пуштен да го продолжи патувањето за Австралија.
-Повикав адвокат, тој ја ја расчисти работата, направиле грешка. Но, не сакам јас да коментирам, можете да го побарате мојот адвокат, изјави Владиката Петар за апла.мк
Но, објаснување немаше ниту од адвокатот Љубомир Михајловски Џанго, кој беше недостапен на мобилниот телефон.