2win800x200

(Фотогалерија) Над 200 светилки го осветлуваат грандиозниот Офицерски

Септември 17, 2021

Реставрираниот Офицерски дом денес го покажа сиот свој раскош и блесна со над 200 светилки кои го осветлуваат внатре и надвор и уште повеќе ја потенцираат неговата грандиозност.

При увидот во работите од страна на градоначалничката Наташа Петровска, вицепремирот Фатмир Битиќи, преку чиј кабинет се реалзираше проектор за реставрација на Офицерски и директорката на Проектот за локална и регионална конкурентност, Антонија Шишак, за првпат новинарите, снимателите и форорепортерите имаа можност преку фотографии и снимки да го регистрираат новиот изглед во внатрешноста ан Офицерскиот дом, автентичен во секој сегмент. Реконстркцијата на објектот чинеше над 1 милион евра, средства обезбедени од Европските фондови, а Општината од Буџетот вложи над 500 илјади евра за инфраструктурно, партерно и хортикултурно уредување.

-Денес е посебен ден за нашиот град, ден кој влегува во историјата на неговото постоење. Нашиот Офицерски дом е со вратен сјај, подготвен за низа настани кои ќе сведочат за пулсот на Битола. Во овој дом ќе се случуваат културни настани, музејски поставки, презентации на достигнувања, дебати, венчални церемонии, промоции и се она што претставува наше битисување. Не беше лесно, ниту едноставно, од она време кога јасно кажавме НЕ за негова продажба до подготвувањето на комплетната докуменатција и апликација од старна на Општината која пред да дојдам јас како градоначалничка беше одбиена. Следуваа измени на истата и нов процес на аплицирање, потоа на тоа се надоврза имплементацијата. Покрај во самите зафати за објектот, Општина Битола инвестираше и во обезедувањето на инфраструктурата околу Офицерскиот дом , како и партерно и хортикултурно уредување, за што се вложени над 570 илјади евра. Доплнително за инфраструктурата на улицата „Македонска фаланга“, за која дел од догворите се склучени, а дел се во постапка за склучување со целосно обезбедена документација, Општината стави на располагање уште над 270 илјади евра. Се на се станува збор за инвестиција од 850 илјади евра од Буџетот на Општина Битола во овој многу значен дел за Општината. Она што е особен радоста за мене, е што конечно нашиот сон за оваа прекрасна градба, Офицерскиот дом е исполнет. Да сме здрави и живи и насмевкие и аплаузите да одекнуваат во овој простор, да ја чуваме нашата душа во него рече Петровска и додаде дека Општината преку јасната установа КИЦ овозможи комплаетна функционалност на Офицерскиот дом во Битола.

Директорката на Проектот за локалена и регионална конкурентност, Шишак, рече дека при релаизација на проектот запазени се сите процедури за зачувување на неговата автентичност.

-Убедени сме дека на вистинско место се вложени средствата за рехабилитација на овој прекрасен објект, кој е под режим на заштита. При неговата реставрација се запазени сите процедури пропишани од Управата за заштита на културноот наследство. Се надевам дека овој објект ќе биде место во кое ќе уживаат не само битолчани, туку и туристите кои доаѓаат во овој град и ќе овозможи збогатена туристичка понуда и ќе се користи како мултифункционален културен центар и ќе понуди нови содржини во Битола, рече Антонија Шишак директор на ПЛРК

Вицепремиерот Фатмир Битиќи, посочи дека Офицерксиот дом го одразува духот на Битола, на битолачники и битолчани.

-Офицерскиот дом е облежеје на Битола, едно од најзначајните културно историски обејкти, кој долги години беше запуштен и беше лоша слика за целата околина. Токму затоа се заложивме за негова реставрација со цел да го вратиме неговиот стар сјај. Напоменувам, се заложивме за реставрација, а не за уривање и градење на нов објект и тоа е за првпат нешто што се случува во Битола, можеби и поширока. Денес правиме увид во извршените работи и можеме да се увериме во неговата архитектонска убавина и импозантност. Треба да бидеме горди дека овде во нашата Битола има ваков репрезентативен објект на кој многу можат да ни завидуваат. Објектот целосно е реставриран по сите стандарди, испочитувани се неговите историски специфики и можеме да го сместиме меѓу културно историските богатства во анашата земја. Овој објект го одразува не само духот на овој град, туку и духот на битолчани и битолчанки, град богат со историја и култура, битолчани кои се надалеку познати по својот космополитизам и боагат градска традиција, рече вицепремиерот Битиќи

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани