АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ротари клубот Битола Широк Сокак денес за првпаат ги додели наградите кои го носат името на Татјана Петрова, во чест на прерано починатата битолчанката која годинава ја загуби битката со коронавирусот, а беше членка на клубот.
Наградите се доделени за дела кои пристигнаа на конкурот „Цртаме за мирот“ што го распиша Ротари клубот Битола Широк Сокак, а се врачија токму денес на Меѓународниот ден на мирот. Наградите во износ од по три илјади денари ги обезбеди печаницата „Киро Дандаро“ каде Татјана беше вработена како графички дизајнер.
„Татјана Петрова беше родена во 1979 година. Високо образование заврши на Педагошкиот факултет, во 2003 година се стекна со звањето диполомиран учител. Таа уште од детството покажа голема љубов кон уметноста и цртањето, сојата професионалан кариера ја насочи кон графичкиот дизјан, па работеше како графички дизајнер во печатници. Во 2019 година запишува втор факултет за Информациски и комуникациски технологии во Битола, ја заврши прва година, но за жал не ја продолжи втора година зашто почина“, рече професорката Моника Марковска, промотор на изложбата.
-Ќе ја паметиме по сончевата насмевка, ведрина, љубовта кон животот, естетиката, децата, планината, езерото животните. Нашиот клуб и понатаму традиционално секоја година ќе одрганизира вакви настани и ќе додекува награди што го носат името Татјана, додаде професорката.
Трите награди ги врачи преседателот на Ротари клубот Широк Сокак Владимир Христовски.
-Целта на настанот е да ја поттикниме креативноста на младите луѓе , да пренесеме порака за мир и толеранција и соживот. На наградниот ликовен конкурс се пријавија 285 цртежи,доделуваме три награди, две за цртежи во хартиена форма и една за дело во дигитална форма“, истакна Христовски.