2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ГРАН ПРИ ЗА МОНОДРАМАТА „ТРИТЕ ЖИВОТИ НА ИСИДОРА ДАНКАН“ ОД МОЛДАВИЈА (фотогалерија)

Мај 13, 2019

Монодрамата „Трите животи на Исидора Данкан“ од Молдавија, по текст на Зиновиј Сагалов, во режија на Марија Паљницкаја и изведба на актерката Јана Лазар е годинешниот добитник на наградата Гран при на 21-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама што се одржа во Битола.

Со доделувањето на наградите и соло перформансот на Петар Милошевски „Пасија по Биби“ вечерва се спуштија завестите на фестивалот.

Награда за најдобра режија доби режисерката Невена Митева за монодрамата „Комедијантка“ од Бугарија, а на сцена ја изведе актерката Маја Бежанска.

Наградата за најдобар актер жирито му додели на Игор Ларин од Русија за монодрамата „Забелешка на покојникот“ по текст на Михаил Булгаков.

Награда од публиката ја доби монодрамата „Сé што сум премолчела“ од Хрватска, во изведба на актерката Миа Беговиќ, а во режија на Иван Лео Лемо.DSC 0702

DSC 0696

DSC 0685

DSC 0676

DSC 0707

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани