2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Со многу пријатели, торта и шампањ прославени 30 години „Папал дизајн“

Октомври 19, 2021

Со торта и шапањско „Папал дизајн“ денес прослави 30 години работа. Сопственикот Велчо Петровски- Папал фирмата за аранжирање на излози и светлечки реклами ја основал токму на денешен ден пред три децении. Во изминатиот период изработотиле дури 70 проценти од светлечките реклами во градот. Со континуирана работа и труд и успеаја да израснат во респектабилна фирма која нема кој не ја знае во Битола..торта

(Петровски со сопругата Софија и двата сина) 

Денес во улицата „Кај ѕвончарите“ каде се сместени канцелариите на Папал дизајн беше многу весело. Едно чудо пријатели и соработници од цела Македонија дојдоа да му го честитаат јубилејот.

„Започнав како аранжер од Нова трговија и Јавор. Трансформацијата во 1991 година ме натера да продолжам со аранжирање ама преку приватен бизнис. По струка сум аранжер кој ги уредуваше стоковите куќи. Ја формирав фирмата и многу вложивме во овие три децении затоа и многу луѓе дојдоа заедно да го прославиме јубилејот. Помошта секогаш се враќа“, рече Папало.свеќе

Запрашан кој е рецептот за успехот одговори „жена ми, таа 30 години ми беше ветер во грб кој ме носеше напред“.

Тука беа и пријателите, зашто не  е битолачнец кој не знае дека Папало од секогаш е опкружен со пријатели.

„Сите работи што ги правев, ги правев со пријатели околу мене. Многу моменти сме поминале во овој дуќан. Тука, откако е отворен дуќанот 30 години вртиме паре со пријателите, за Свети Никола се служи крап и ред други адети што ги имаме“.

На соработниците им даде благодарници, а меѓу подароците што ги прими беше и карикатурата што ја донесе неговиот пријател Христо Алексовски-Пуцик, адвокат од Битола. пуцик

другари 2

другари 3

другари

Не заборави да им се заблагодари и на соседите на шега велејќи „не дојдоа роднините, па ги викнав соседите“, како и сите досегашни вработени кои придонеле за развој на фирмата. Атмосферата беше пријатна со котел, еснафски муабет меѓу битолчани и многу шега, а пред присустните одличен настап имаше и Танцовскиот спортски клуб „Step up“ од Битола.

На младите им порача: „Треба само да работат и да се надеваат дека еден ден тоа што го вложиле ќе им се врати. Тие сакаат одеднаш да заработат, не може така. Мене бизнисот ме исполни духовно, а не толку материјално. Имало и моменти да не земам ни плата за да опстани бизнисот“, рече Петровски.

Кога со семејството ги дуваа 30 севеќички од тортата посака да се видиме пак и на 50 роденден.246218678 743014980428803 1295970989752532469 n

Пано со фотогрфаии од интересни моменти од растежот на фирмата 

246322016 399926028504861 6385840844702271045 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани