2win800x200

Горната гимназија ги поврза и по пензија

Април 23, 2018

Веќе не предаваат во Горната гимназија, но работниот век ги поврза за на век. Иако пезнионирани по повеќе години, не пропуштаат ни една недела без да се сретнат. Збирно место им ресторанот „Грне“ во центарот на Битола каде со по некој филџан кафе ќе помуабетат, евоцирајќи спомени за минатото кога биле професорки, а дискутирајќи и за сегашноста. Понекогаш се собираат и по петнесетина пензионирани професорки од гимназијата „Јосип Броз Тито“.

31157674 375797499570289 8520788135385235456 n

„Ние се среќаваме вака многу години, генерациски средби се, не можеме да ги прескокнеме. Пред две години славевме 60 години од матура. Практикуваме да се собираме во понеделник и четврток од 11 часот претпладне. Си дискутираме, разменуваме книги и за политиката понекогаш ќе кажиме збор два. Важно е дека толку долго успеавме да го изградиме и одржиме пријателскиот однос“, ни рече пезнионираната професорка по биологија Душанка Петличкова.

Кој како се пезнинира од професорките во Горната гимназија, така им се придружува на пензионерското друштво.

„Предавав во гимназија латински и француски јазик цели 35 години. И младите генерации сега ни се придужија , наши ученици кои се веќе во пензија. Јас им велам просекот ни го зголемија. Убави се овие дружби, нѐ исполнуваат“, вели  професорка Радојка Димитриевска.

И на христијанскиот празник Василица заедно со години вртат мазник со паричка.

„Сите пензионери ни се приклучуваат. И за парето задолжително се собираме. Остана традиција. 40 години предавав биологија во гимназијата ‘Јоспи Броз Тито’. Извадивме многу генерации. Веќе 19 години сум во пензија“, вели професорката по биологија Олга Костојчиновска.

Пензионираните професорки често се собираат, но ретко ја посетуваат гимназијата.

„Откако се пензиониравме воопшто не одиме таму. Се смена составот и односот кон постарите. Поминуваме покрај гимазија и многу ни е драго да ја гледаме, но не влегуваме“, велат дел од професорките. 

На ова пријатно и интелигентно женско друштво му се придружуваат и други пезнионерки од градот.

„Тие беа професорки , а јас секретар во Клиничка болница и бидејќи ми се пријателки, комшивки, им се приклучив. Цел работен век во Болницата го поминав, бев првиот правник уште во старата болница и така се до пензионирање“, рече Милица Илиевска.

Во друштвото беа и поранешната професорка Христина Белевска која во минатото им предавала на управните и редовните гимназиски паралелки, Цвета Павловска по физичко воспитание и други. 

Во денешно време кога модерниот начин на живеење, политиката и зависта уништија многу пријателства, навистина е убаво да се види вакво сложно друштво кое потсетува на пораките за соживот на кои овие професорки ги учеа своите ученици..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани