АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Некои немаат деца, па не знаат како е“. Ова е само еден од многуте коментари на социјалните мрежи кои посебно во предизборието се мегдан за пресметки меѓу приварзаниците на политичките партии. Овој дискириминирачки коментар со злобна забелешка е упатен од жена кон членот на Советот од СДСМ Татјана Крнчева за нејзина прес конференција на која му возвраќа на кандидатот за градоначалник од ВМРО -ДПМНЕ, Тони Коњановски по најавата дека ќе ги реконструира училиштата. Крнчева од партиската говорница возврати дека училиштата се веќе реконструрани, па медиумите овој текст го споделија на социјалните мрежи, а на ФБ се појави овој коментар упатен за Крнчева, со крајно навредлива, омаловажувачка и диксирминирачка содржина-„Некои немаат деца, па не знаат како е“. Не изостанаа и други вулгарни коментари, па Крнчева на својот ФБ профил и напиша:
„Мажите можат да се и вулгарни и безобразни и мангупи на батерии и шизици отпојќе, АМА...како жена шо можи без употреба на ниедна сива ќелија да "удри" на друга жена, не можи никој! Ова е коментар на мојот вчерашен прес за состојбите во образование, а се алудира на мојата некомпетентност бидејќи не сум родител! Една од најмизерните предрасуди помислени и изречени! Ете зато ќе бидите само женчиња, зрнциња, а никогаш ЖЕНИ!!! Само сила плус ми давате! Раѓањето не те прај повеќе жена, како шо ни нераѓањето те прај помалку жена...треба срцуленцето на место да ми ти е...а тебе женичке ти е дислоцирано накај Кореја негде, напиша Крнчева
На ова со коментар реагираше и претседателката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Весна Бендевска, која ја повика Крнчева да поденсе претставка.