2win800x200

Анита Ангелевска да го врати „Ајфонот“ што го зела од Општина!

Април 25, 2018

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Анита Ангелевска мобилниот телефон „Ајфон“ што го добила како вработена во Општина Битола, од бившата власт, и по седум месеци од заминувањето од општинската администрација не го вратила назат. „Ајфонот“ денеска на Совет го побара градоначалничката Наташа Петровска и ја повика советничката што побрзо да се раздолжи.

   

-Ќе ми простите г-ѓо Ангелевска што директно ќе ве прозивам,бидејќи се грижам за се што е имот во Општината.  Ви имаме доставено официјално барање да го вратите телефонскиот апарат  кој што го поседувате, онака како што следува, затоа  што нетреба да бидете  воопшто привилегиран советник,  за разлика од останатите советници коишто поседуваат други телфонски апарати. И овде јавно ќе кажам дека сте биле вие привилегирана во општина Битола, со  таков апарат којшто му следува само на раководителите на сектори, се обрати градоначалничката Петровска до Ангелевска, покажувајќи документи кога и како ја известиле советничката  да го врати мобилниот  апарат во Општината задолжен додека работеше во секторот локален економски развој.

-До вас се стасани доставници, меѓутоа до денес апаратот не сте го вратиле, уште еднаш потенцираше Петровска.  

Претходно Ангелевска го искористи правото да и постави прашања на градоначалничката од делот на образованието, обиколницата и други теми од работата на Општината.

Ангелевска пред да стане советник  беше вработена во општина Битола и своето работно место го стави во мирување додека трае нејзиниот советничи мандат, поради конфликт на интереси.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани