2win800x200

ВМРО-ДПМНЕ разубедува гласачи да не излезат на гласање во првиот круг на локалните избори

Октомври 01, 2017

ВМРО-ДПМНЕ , во Битола, разубедувало гласачи да не гласаат за кандидат за градоначaлник на 15 октомври. Членови на партијата од населбата Јени Mаале, велат дека лица од општинскиот комитет ги разубедувале дека големата излезност би одела на контото на СДСМ, и би значела победа во прв круг на Наташа Петровска.

 

Граѓани тврдат дека по месните комитети се разубедувале членовите во првиот круг да глaсаат само за советничката листа, додека за кандидат за градоначалник да излезат во вториот круг, кога изборот би се сведил на Нашата Петровска и Зоран Илиоски. Според наши извори дел од jенималците им откажале послушност на општинскиот комитет, во истовреме , разочарани и од предлогот Илиоски да биде кандидат за градоначалник..

Од паријата демантираа дека агитирале по членството да не гласаат во прв круг за градоначалник.

-Нема такво нешто. Партијата ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ сме подготвени да излеземе на избори, да се пресметаме со нашиот противник, па кој ќе победи нека биде тој- реќе Викторија Христовска од ВМРО-ДПМНЕ

Според партиски избори, високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, од локалниот комитет во Битола, на средбите со своите членови и гласачите по месните комитети, им сервирале информации дека ако не победат тие, РЕК-Битола ќе оди на продажба, потоа ги заплашувале дека германските инвеститори од „Кромберт и Шуберт“ ќе си заминат од ИЗ „Жабени“, ќе секнат субвенциите за земјоделците, ќе поскапи струјата, а градот ќе се преплави со мигранти од Блискиот Исток.

За мигрантите на прес-конфернеција зборуваше и кандидатот за советник, Горан Степановски.

-СДСМ да одговори дали планираат да ги избркаат странските инвеститори од  Индустриската зона Жабени и да ја пренаменат маркицата за прифатен центар за мигранти ?- изјави Горан Степановски, кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

На ваквата изјава, кандидатката за градоначалник од СДСМ, Наташа Петровска одговори дека 27 април беше денот кога ВМРО-ДПМНЕ го покажа вистинското лице колку размислува за Македонија.

Носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата, Валентин Груeвски,ваквите информации од ВМРО-ДПМНЕ го нарече безочни лаги.

-Ширењето безочни лаги дека новата Влада ќе гради бегалски кампови на територијата на Општина Битола е нарушување на Kодексот за фер и демократски избори. Тие лажни вести во два наврати ги изнесе ВМРО-ДПМНЕ, на првиот ден на кампањата за локални избори, ние докрај ќе го почитуваме Kодексот за фер и демократски избори-рече Валентин Груевски.

И министерката за труд и социјална политика Мила Царовска пред еден месец кога дојде во Советот на општина Битола даде изјава дека бегалски кампови нема да се градат во Битола.

Инаку, според внатрепартиските анкети на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ има големи шанса да освои мнозинство советници во идниот Совет, над 16 места, 3 советнички места да се поделат меѓу , партиите на Албанците и независните листи, а останатите места да ги добие ВМРО-ДПМНЕ, што би значело дебакл на партијата по бројот на советнички места.

Според познавачите на политичките прилики во градот, ако ВМРО-ДПМНЕ цели на втор круг на локалните избори за градоначалник ,во првиот круг на 15 октомври, излезноста треба да биде помала од една третина , од вкупниот број на гласачи во општината, (една третина е околу 26000- 27000 гласачи), но тоа не е ниту можно , ниту реално од неколку причини. Во истовреме СДСМ , според концептот на водење на кампањата на терен и со јавните настапи, работи на голема мобилност на гласачите за максимална излезеност.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани