2win800x200

Илиоски на избори со недовршената касарна од Талески

Октомври 03, 2017

Владимир Талески,  заминува од градоначалничката фотеља, оставајќи ја поранешната касарна како големо градилиште наместо ветената урбана населба. Три асфалтирани улица, незатворени шахти, ископано – незавршено, земјени пристапи, кал и ѓубре, вака накусо може да се опише моментната слика во новата населба, која уште на самиот почеток доби холивудско име „Златен рид“.

 

Адаптацијата на касарната во нова урбана средина во два мандата ја најавуваше Талески, ветувајќи градинки, цркви, продавници за населението и сѐ што е потребно за секојдневно функционирање, а не ги одмина ниту хациендите. Дури ова лето таму се асфалтираа и инфраструктурно се уредуваа три улици, кои имаат пристап најмногу до колективните згради. Сопствениците на плацеви за индивидуални куќи и по толку години сѐ уште немаат секундарна улична мрежа.Улици нема и за дел од зградите, па станарите поминуваат низ кал и низ темни патеки, иако голем дел од дрвјата се откорнати и сѐ уште се сечат со тој изговор.

Она што ги интересира битолчани, особено станарите на оваа населба е –зошто локалната власт во Битола,  не успеа инфраструктурно да ја уреди касарната, и покрај тоа што собра милиони евра од комуналии од инвеститорите ?

Од тоа како изгледа поранешната касарна  по се изгледа не е задоволен ниту еден од најблиските соработници на Талески, Зоран Илиоски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, во Битола.

Илиоски, после толку години владеење на Талески денови во предизборните настапи , на лице место од битолската касара најави дека  „Златен рид“во наредните четири години ќе добие градежна експазија,ако евентуално тој победи на престојните локални избори.

-Ќе изградиме и асфалтираме уште три нови улици, а ќе биде изградена и атмосферска канализација за 13 улици, во вкупна вредност од 53.000.000 денари. За блоковите АРМ 1 и АРМ 2 предвидуваме и изградба на нова нисконапонска кабловска мрежа и улично осветлување во вредност од 7.350.000 денари, вети Илиоски.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ не застана тука со ветувањето, отиде подалеку и вчера се досети да најави дека во старата битолска касарна ќе направиме парцели од по 200 метри квадратни кои без пари ќе им ги даде на младите битолчани и целосно ќе ги ослободи од плаќање комуналии за да можат да изградат евтини куќи под многу поволни услови.

-Без давачките кон Општината – една куќа од 50 до 100 квадрати младите идни смејства ќе ги чини од 17 до 35 илјади евра . Ова е пресметано, планирано, конкретно и остварливо – евтин дом за секое ново семејство во Битола“, рече Илиоски.

Сепак кандидатот иако се покажа вешт во преметките со евра, не кажа колку пари, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Битола потрошила за урбанизација на поранешната касарна, колку собрала од инвеститорите, зошто ги пренаменила во индустриската зона „Жабени“ и за колку пари со камати  ги задолжи битолчани за „Златен рид“. Ова дотолку повеќе ако  се знае дека Општината од комуналии од инвеститорите собра 5, 2 милиони евра , а инвестираше само два милиони евра , и  згора на се зеде кредит од 1,5 милиони евра, битолчани да го враќаат  до 2030 година.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани