2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Се враќа старата пракса-Коњановски во отворени денови ќе ги слуша идеите на битолчани

Ноември 24, 2021

Новоиот градоначалник на Битола, Тони Коњановски 4 пати годишно ќе ги слуша идеите на битолчани, а првиот отворен ден за граѓаните на Битола ќе биде организиран овој петок. Ваква пракса имаше и екс градоначалникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Владе Талески.   

-Со цел да се согледаат сите потреби, приоритети и идеи на граѓаните на општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски, како редовна пракса во своето работење воведува отворен ден за граѓаните, што е во насока и на реализација на активностите предвидени со неговата програма.

Првиот отворен ден, ќе се одржи во петок, од 13.00 часот, на третиот кат во зградата на општина Битола.

Заради успешно спроведување на мерките за заштита од КОВИД 19, заинтересираните граѓани, своето присуство на отворениот ден потребно е да го најават на телефонскиот број 047208339 најдоцна до четврток 25.11.2021 до 13.00 часот.

За да може да се евидентираат ситепредлозии идеи, достапен е образец - барање кое  граѓаните можат да го пополнат електронски или со симнување од овој линк и да го достават на отворениот ден. Образецот ќе може да се пополни и во општинската зграда во петок.

Отворените денови, предвидено е да бидат застапени четири пати годишно и истите ќе се организираат како денови во кои градоначалникот и надлежните служби од локалната самоуправа, ќе имаат директни средби со граѓаните, информираат од Општина Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани