2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Пеце Матевски е поставен за прв човек на РЕК Битола, кадровски смени во комбинатот

Ноември 24, 2021

Пеце Матевски е поставен за прв човек на РЕК Битола, на позиција која досега ја извршуваше Златко Ќурчиевски. Матевски засега е вршител на должност, потврдуваат од ЕСМ за Апла.мк, тој досега беше директор на термоелектрани. Деновиве има нови кадровски смени во РЕК Битола за што очекуваме подетални информации од ЕСМ. 

-На седница на Управниот одбор на АД ЕСМ донесена е одлука за кадровски промени во РЕК Битола и во РЕК Осломеј, соопштија од ЕСМ. 

Разрешен е директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски и на негово место за в.д. директор е назначен Пеце Матевски, досегашен директор на Термоелектрана.

Во РЕК Осломеј разрешен е директорот Златко Пиперкоски и на негово место за в.д. директор е назначен Стојан Мицкоски, досегашен технички директор во Рудници.

Во следните денови ќе бидат извршени и други кадровски поместувања внатре во комбинатите, со цел подобрување на процесот на производство и соочување со предизвиците од енергетската криза, соопштија од ЕСМ.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани