2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Изгоре Ловечка куќа на Пелистер

Ноември 24, 2021

Изгоре Ловечката куќа во Националниот парк „Пелистер“, која со години наназад беше сврталиште на планинари кои се искачуваа на врвот Антена. Засега не се познати причините за пожарот. Група планирари кои денес се искачуваа на планина велат објектот има големи оштетувања од огнот. Се претпоставува дека пожарот настанал после неделата. 

Ова е втор планинарски дом кој гори на Пелистер, по „Копанки“ пред осум години кој се уште не е обновен..

Ловечката куќа беше изградена пред околу половина век и повеќе на надморска височина од 1950 метри на главниот пат за врвот Антена. Беше изградена со цел во неа да престојуваат вработените на пат кон пунктот на Македонската радиодифузија. Но, со години наназад се користеше и од други посетители на планината, а според одредени информации последните години беше дадена под концерсија.260636271 10220014795548166 3961948275750550265 n

260771754 10220014794588142 836234142764375533 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани