Webp.net gifmaker

Битолчанецот Бојан Ѓеровски ги донира парите од добитниот тикет за лекување на четири битолчанки

Ноември 25, 2021

Битолчанецот Бојан Ѓеровски, добитниот тикет со сума од околу 200 евра го донира во целост за лекување на четири свои сограѓанки, на кои им се потребни финансиски средства за продолжување на лекувањето. Бојан на Фејсбук напиша дека донира половина од средствата и побара да се посочат лица на кои вистинска им се потребни овие средства, за подоцна да ја донира целата освоена сума. 

-Добивката е донирана во целост за Елонора, Лидија, Андријана и Мануела.
Со оглед на масовноста на овој пост апелирам сите кои се во можност да испратат порака и да помогнат.
Вашето малку за некого е многу.
Бидете хумани, напиша Бојан на својот профил.. 
Нема опис за фотографијата.

Првиот пост на Бојан кој предизвика позитивни реакции во битолската јавност. 

Епа вака другари.
Овој тикет е добитен.
Решив 50% од неговата вредност да ја донирам на социјално загрозено семејство, лекување на дете од тешка болест или некоја друга форма на загрозување.
Би Ве замолил да ме исконтактирате во порака и со тоа да ми помогните да одлучам на кого би ги дал парите.
Ама навистина да знам дека сум помогнал на вистински луѓе.
Во мојот живот сум поминал низ различни социјални периоди, периоди на транзиција и многу прашалници, но секогаш останав цврсто на земја и не се вообразив.
Парите ќе се потрошат, ги има или ги нема. Никогаш доста.
Многу е лесно да влезиш со нога в кафана и да го порачаш Тома и да викниш шо пие кафаната, но да се решиш да донираш, да си хуман то не се стекнува.
Или го имаш во срцето или го немаш.
Сумата далеку од тоа дека е голема, но со ништо на светот не можиш да ја купиш насмевката на лицата на оние кои во моментот гледаат темнина.
Ви ја фрлам ракавицата на сите кои можите да донирате и помагате.Прајте добри дела. Некогаш тоа спасва живот во вистинска смисла на зборот.
Ве очекувам.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани