АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Најстудено утринава е во Битола каде се измерени -10 степени. Утринските температури во целата држава се под нулата освен во Дојран каде според УХМР е измерен еден степен над нулата.
Во Берово утринската температура е -8 степени, во Маврово и Попова Шапка -7, во Крива Паланка и Крушево -6, во Петровац кај Скопје, Демир Капија и Струмица -5, на Зајчев Рид Скопје, Прилеп, Штип, Виница и Куманово -4, во Тетово, Охрид и Гевгелија -3 и во Претор -2 степена.
Најмногу снег има на Маврово – 22 сантиметри, потоа во Крушево 20 сантиметри, на Попова Шапка 17 и во Битола 15 сантиметри.
Според најаватаод УХМР, денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени.