2win800x200

Снегот ги „искрши“ битолчани

Декември 01, 2021

Првиот снег донесе радост, ама и грижи за многумина битолчани. Само вчера по првите врнежи од снег десетици битолчани со скршеници на рацете или нозете побарале лекарска грижа на одделението за Ортопедија. Според информации од Битолската клиничка болница над трисеттина повреди вчера се должат само на првиот снег.

Битолчанка раскажува дека редицата на чекање на Ортопедија била толку долга, што самите пациенти меѓу себе се солидаризирале и си правеле проценка кој е потешко повреден па да влезе прв на преглед.

Повредени битолчани посочуваат дека проблем биле неисчистените улици и лизгавите плочки на Широк Сокак.

„Иако бев со зимски обувки, Широк Сокак беше неисчистен по првиот снег и толку лизгав под наносите, што само еден миг на невнимание беше доволно да паднам на рака и да ја скршам. Но, кога отидов на Ортопедија, сфатив дека не сум само јас, таму чекаа редици на граѓани со повреди баш во  истото време на денот. Имаше и потешки случаи кај возрасни граѓани, па самите правевме селекција кој прв да оди на преглед и да стави гипс. Така наместо радост, снегот ни донесе гипс“, вели  битолчанката Светлана.

Од Битолската болница за „Независен“ потврдуваат дека од вчера до денес до 10 часот во амбулантата на Ортопедија имале над 100 прегледи.

„Во текот на вчерашниот ден во редовна ортопедска амбуланта и итна амбуланта на одделението за Ортопедија, па се до претпладне имаме вкупно 107 прегледи. Од нив над 30 прегледи се со повреди како резултат на првиот снег, значи повреди настанати од лизгање и паѓање“, потврдува за „Независен“, д-р Билјана  Гагачовска, директор на Клиничка болница Битола. Таа додава дека  Ортопедија секогаш е со полни раце работа, но за жал бројот на специјалистички кадри е мал. Во Болницата во моментот има 6 специјалисти на одделот за Ортопедија и трауматологија, а тројца од нив најверојатно до 2022 година ќе заминат во пензија, пренесува https://nezavisen.mk/snegot-gi-iskrshi-bitolchani/.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани