По направени неколку контроли од стручните служби на "Водовод" установено е дека водата на потегот Раштани кај Горно Оризари е со незадоволителни параметри за пиење, информираат од ЈП Водовод
-Ова се должи на злоупотреба на водоводниот систем и мешање на истиот со Стрежевска вода од поединци. Екипите за контрола се излезени на терен од двете претпријатија Водовод и Стрежево . Се информираат жителите од потегот Раштани да не ја пијат водата се до откривањњ на сторителите за што ке бидат дополнително известени, информираат од ЈП Водовод.