2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Омикрон мутацијата откриена и во Битола, за само една недела 726 новозаболени

Јануари 11, 2022

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, за само една недела, од 3 до 9 јануари во Битола се регистрирани 726 новозаразени од коронавирусот, со што градот после Скопје е со најголема неделна инциденца. Вкупно пак во Македонија за овој период се регистрирани 8308 нови позитвни случаи во 35 градови, што е за трипати повеќе во однос на претходната недела

Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30-39(27%), 20-29(24%) и 40-49(17%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9(2%). Најголемо зголемување на заболени е кај возрасната група од 20-29 години како и кај возрасната група од 30-39 години. Во период од една недела односно од 3 до 9 јануари, пријавени се 946 реинфекции, со зголемување од 7 пати во однос на претходната недела.

Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на ИЈЗ, во периодот од 05- 10.01.2022, направено е секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а во 104 од нив (68%) е детектирана Омикрон варијантата. Омикрон варијантата е откриена во 12 градови и тоа: Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – 7, Тетово – 6, Велес – 5, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци по 2 и Виница, Неготино, Битола по 1 заразен.

Според извештаите од болниците моментално на територија на цела држава се хоспитализирани 351 лице што е 41% повеќе во споредба со претходна недела. Од вкупниот број хоспитализирани пацинети, 156 се во Скопје на КИБФС, ТБЦ и ГОБ 8 Септември. Во останатите болници низ државата хоспиталзиирани пациенти има во Битола, Штип, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Струга, Кичево, Кавадарци и Струмица.

Зголемен е бројот на дневни прегледи во инфективните одделенија низ болниците во државата. Според епидемилошките анкети најголем дел од пацинетите имале контакт со позитивен случај 3 дена пред почетокот на симптоми/добивање на позитивен резултат. Министерството за здравство, апелира граѓаните кои чуствуваат какви било симптоми, да направат тест и да се излоираат како би спречиле ширење на вирусот.

Со една доза на вакцина против COVID-19, во државата и странство, вакцинирани се 51,6% од населението над 18 годишна возраст, односно 47,7% од население над 12 годишна возраст, додека од вкупното население вакцинирани се 41,6%. Опфатот со две дози на вакцина против COVID-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 50,1%, односно 46,3% кај население над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 40,3% (Графикон 5). Најголем дел од лицата вакцинирани со две дози припаѓаат на возрасната група од 25-49 години (n=317.943).

Во Битола се вакцинирани 60,3 посто од населението над 18 годишната возраста.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани