АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Серија земјотреси беа почувствувани попладнево во Битола, сите со епицентар во околината на Лерин, Грција. Најсилниот од нив во 16,14 часот со јачина од 4,5 степени , а по него во период од нешто повеќе од два и пол часа следуваа уште најмалку шест со магнитуда од 2 до 3,9 степени. Честите потреси предизвикуваат да се зголемат материјалните штети во објекти каде има пукнатини по ѕидовите, таваните и изронети малтери, а ги вознемируваат и битолчани. Студеното време со снег и температура од еден степен над нулата не се пријатни за престој на отворено под ведро небо.