2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Училиштето „Александар Турунџев“ во Кукуречани ќе добие нов лик- во тек е комплетна реконструкција со средства од МОН

Јануари 27, 2022

Во тек се градежните зафати за комплетна реконструкција на основното училиштето „Александар Турунџев“ во Кукуречани во висина од 13 945 240 денари, односно 226 000 евра. Средствата се обезбедени од МОН- финансиски средства за капитални инвестиции. Реконструкцијата опфаќа: промена на покривот -комплетно отстранување на стариот кров од ѓерамиди и поставување на нов лимен кров, енергетски ефикасна фасада, промена на дрвените прозорци во ПВЦ прозорци, реконструкција на тоалетите за ученици и наставници, тоалет за лица со попречености, реконструкција на подови, ѕидови и тавани на сите простории во училиштето, електрична и громобранска инсталација, реконструкција на надворешни и внатрешни скали и огради, пристапни рампи надвор и внатре, лед светилки во сите простории во училиштето.2222

„Со еден збор, ќе се реконструира буквално се̍ што имаше потреба од реконструкција и ќе бидеме меѓу првите, или можеби прво училиште во регионот кое е комплетно реконструирано. Во декември 2020 година во исклучително тешки околности на пандемија, успеале да ја подготвиме документацијата и да аплицираме на јавниот повик за реконструкција на училишта објавен од страна на МОН. Сакам да изразам благодарност до проектантите од проектантското биро „Тагора“ кои го почувствуваа нашиот ентузијазам и за краток временски период одговорија на нашите барања. Голем придонес даде и нашиот хаус-мајстор, Борче Лажијовски кој заедно со мене учествуваше во снимањето на објектот. Секако морам да ја споменам тогашната градоначалничка Наташа Петровска за нејзиното залагање и поддршка при изготвувањето на документацијата“, вели Бранка Лазаревска, директорката на училиштето. 

333

Училишната зграда е изградена во 1964 година, а во состав на училиштето има уште пет училишни згради. Во училиштето посетуваат настава 190 ученици.

„Пред четири години училиштето беше во тешка состојба од повеќе аспекти. Сметката на училиштето беше блокирана со 283 000 евра. Условите во кои се држеше настава не беа на завидно ниво, напротив беа тешки, посебно во подрачните училишта.Така на пример во ПУ во с. Лопатица санитариите беа во очајна состојба, ѕидот се распаѓаше и имаше многу мувла и влага што претставуваше извор на зарази. Казанчињата во тоалетите за ученици во централното училиште години не работеа. Едниот ѕид во спортската сала која беше реконструирана се распаѓаше поради неисправен олук. Печките на дрва во подрачните училишта беа неисправни, чадеа, па училниците беа исчадени. Неколку простории во централното училиште беа затрупани со стари компјутери, документи, учебници расфрлани, така да беше невозможно да се влезе во тие простории. Еден од ходниците во централното училиште беше преполн со стара дрвена дограма што претставуваше потенцијална опасност по безбедноста на учениците. Во неколку згради покривите прокиснуваа“, вели Лазаревска.

Со поддршка од Општина Битола и со донации ги санираа тоалетите во с. Лопатица, старите печки на дрва ги заменија со нови, поставија ламинат во неколку училници, ги бојадисаа училниците во подрачните училишта и неколку простории од централното училиште, ги санираа покривите, се ослободиија од непотребниот отпад, го исчистија и уредија училишниот двор, ја санираа оградата, поставија фотоволтаични панели, комплетно реновираа 3 канцеларии, ставија лед светилки во повеќе училници, променија 24 врати во централното училиште. Набавена е компјутерска опрема од над 1 000 000 денари и нагледни средства.

„Со гордост изјавувам дека по осум месеци училиштето ќе добие нов изглед и прекрасни услови за работа за нашите ученици и наставници“, вели Лазаревска.4444

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани