2win800x200

Статистичка анализа на професорот Трајковски: Врвот на бранот на Омикрон во Битола помина

Јануари 27, 2022

Ја пренесуваме најновата математичко--статистичка анализа за ковод состојбата на професорот од Техничкиот факултет Дејан Трајковски

27.01.2022.  Според графикот на 14-дневната инциденца (на првиот дијаграм), најдобро се гледа дека врвот на бранот на Омикрон сојот во Битола настапил пред десетина дена (поточно на 14 јануари), а оттогаш е во намалување, како што покажува зелената линија. На државно ниво (црвената линија на истиот дијаграм) исто така покажува тенденција на израмнување, што значи дека моментално сме во зоната на врвот.

FB IMG 1643327887306

 
Практично во цела југозападна Македонија дневните броеви се намалуваат, а во Скопје се формира плато на максимумот. Слично е во остатокот на државата, освен во Тетово, Гостивар, Штип, Кавадарци, Неготино и Гевгелија, каде избувнувањето е во тек. Овие градови можат да го пролонгираат времетраењето на врвот на државно ниво, но не можат да направат поголема штета бидејќи се работи за релативно мал број на жители.
 
Извесна штета ќе направи започнувањето на второто полугодие со физичко присуство во училиштата, што веројатно ќе создаде некаков мини-врв на дијаграмите, но и тоа ќе биде „сварено“ за една до две недели (и којзнае уште колку нови жртви како резултат на тоа), како што видовме при отворањето на баровите и ноќните и диско-клубовите. Добро е што почетокот на второто полугодие беше одложен за две недели, со што беше избегнат врвот на бранот, а во февруари сепак сé ќе биде помалку драматично.
 
Денешното драстично намалување на бројот на активни случаи (на дијаграмот на втората слика го гледаме намалувањето во Битола, а слично е во целата држава) се должи на новиот алгоритам, според кого времетраењето на изолацијата се скратува на само 7 дена, а со тоа практично административно се затвораат и активните случаи. 
 
 
FB IMG 1643327893674
 
На третиот дијаграм гледаме дека моментално просечното времетраење од отворање до затворање на случаите трае само 10 дена, што е најкратко од почетокот на епидемијата до денес.
 
FB IMG 1643327898610
 
Иако врвот на новозаразувањето во Битола поминал, се уште искачуваме кон врвот на морталитетот, како што покажува дијаграмот на 7-дневниот просечен дневен број на смртни случаи во Битола. Како што се гледа, далеку сме од поранешните броеви на починати за време на брановите на вуханскиот и алфа сојот, но сепак опоменува дека ниту еден сој, па ни омикрон сојот, не е безопасен.
 
FB IMG 1643327903384
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани