2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Општинарите се „обесија“ на пенџериња да го видат Заев

Мај 13, 2018

Дел од службениците во Општина Битола во петокот се „обесија“ на прозорците од општинската зграда за да го видат премиерот Зоран Заев.

Одамна премиер не стапнал во Општината, уште од времето на Владо Бучковски во 2006 година кога дојде да го најави процесот на децентрализација.

Во изминатите години додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, тогашниот премиер Никола Груевски немаше дојдено во официјална посета во кабинетот на градоначалникот. Груевски го имаше посетено Владимир Талески во Општината во 2005 година кога сѐ уште не беше премиер.

По дванаесет години премиер стапна во општинската зграда, па не е ни чудо што службениците ѕиркаа по прозорците. Едни од предната страна на објектот љубопитно го следеа неговото доаѓање, други гледаа од задните прозорци кога во дворот ја даваше изјавата. Похрабрите пак, излегоа да го пречекаат и поздрават по ходници. Премиерот оставри средба со градоначалничката Наташа Петровска во нејзиниот кабинет, а потоа со стопанствениците се сретна во општинската сала за седници која е сместена во дворот на Општината..Photo 3

Photo 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани