АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во центарот на Битола, на улицата „Рузвелтова“, ќе биде отворен Клуб „Ванчо Михајлов ВМРО“. Клубот се наоѓа во поранешната пивница. Според рекламата поставена на објектот Клубот е во сопственост на Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола.
Во март минатата година Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола ја разбранува јавноста во земјава и во Бугарија, по писмото испратено до бугарскиот државен врв и амбасадите на САД, ЕУ, Португалија и Германија во земјава дека се соочуваат со страв да се изјаснат како македонски Бугари и дека се соочени со бугарофобија. Пред две години пак истиот центар направи промоција на книги за Тодор Александаров и полковник Дранго од пореншниот бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, лидер на националистичката партија ВМРО-БНД, на која и самиот присуствуваше.