2win800x200

Присуството на бугарскиот конзул при увидот во клубот е обид за влијание врз нашата работа, рагираат од КСЗД

Август 05, 2022

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го извести Македонското министерство за надворешни работи дека при вчерашниот увид во просториите на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола бил присустен и генералниот конзул на Репубилка Бугарија во Битола, Димитар Иванов. За нив, присуството на конзулот е обид за влијание врз работата на Комисијата и можност за нејзина инструментализација за политички цели.

„При увидот, спротивно на досегашните практики, констатирано е дека освен претставниците на Здружението, присуствуваше и генералниот конзул на Република Бугарија, г-нот Димитар Иванов. Неговото присуство за време на извршувањето на своите законски надлежности, Комисијата го доживува како обид за влијание врз работата на ова независно тело за еднаквост, но и можност за инструментализација на Комисијата во политички цели, за што го извести и МНР. Според одредбите содржани во Законот, Комисијата е самостоен и независен орган избран од Собранието на РСМ и за својата работа одговара единствено пред оваа институција“, пишува во соопштението на КСЗД.

Тие вчера постапуваа по  претставка на Здружение на граѓани од Битола кое го пријавело Клубот за дискриминација. Увидот го вршеше експратеничката Весна Б ендевска, сега член на комисијата, која не откри кое однесување е пријавено за дискриминирачко, но посочи дека по завршувањето на постапката, мислењето ќе го објават пред јавноста.

Во внатрешноста на клубот поставени се портрети од Ванчо Михајлов, Тодор Александров, Владо Черноземски, Мара Бунева и други контроверзни историски личности, но и на македонските војводи Гоце Делчев и Даме Груев.

На еден од ѕидовите врамен е и извадок од текст на Михајлов во кој се негира постоењето на македонската нација. Во него пишува „Можеме да се гордееме, бидејќи знамињата на ВМРО и Илинден беа и остануваат човекови права и слободи. Значи, залудни се сите напори на маскираната македонска „нација’’ да го лаже светот’’.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани