2win800x200

Во тек е јавната набавка за изработка на основниот проект за гасификација на Битола

Мај 17, 2018

Македонија во наредните две години се подготвува да го реализира проектот за гасификација, рече денеска министерот за транспорт и врски  Горан Сугаревски, при посетата  на  Битола.

 

-Наша главна цел е Република Македонија во наредните две години да добие гасоводен систем до сите 18 општини,  согласно двата крака, едниот до Битола, а другиот до Гостивар, а потоа во согласност  со она што го планира општина Битола, дали преку јавно приватно партнерство или јавно претпријатие во рамките на општината, ќе се спроведе и реализира проектот за гасификација на Битола, изјави министерот Сугаревски во Битола.

Градоначалничката Наташа Петровска, вели дека општината веќе се подготвува за процесот на гасификација.

-Во тек е јавната набавка за изработка на основниот проект, така што таа фаза од гасификацијата е во изведба. Денес имаме расправа со Стопанската комора односно со индустриските субјекти на која што ќе дискутираме каква е нивната визија односно нивните потреби за истата, затоа што сметаме дека истите треба да се иконпорираат во целиот зафат. Значи длабоко сме навлезени во проектот гасификација и така планираме да се спроведуваат активностите за гасификација на Битола, изјави Петровска.

Општина Битола распиша оглас за „Изработка на идеен и основен проект за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во Општина Битола, со максимум 25.000 м. должина, со ревизија и вршење на проектантски надзор при изведба“.

Се браат 12 Архитектонски услуги; инженерски услуги и интегрални инженерски услуги; услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето; поврзани научни и технички советодавни услуги; услуги за технички испитувања и анализа.

Согласно огласот,  проценетата вредност без ДДВ изнесува 7.945.800,00 денари, а договорот е во времетраење од седум месеци. Критериумот за доделување на договорот е најниска цена.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани