АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вчерва, 18 февруари, со почеток од 20 часот ќе се одржи првото издание на концертот „Засекогаш во срцата“ во Центарот за култура во Битола посветен на музичкото дело на Тоше Проевски и Аки Рахимовски. Нивните најголеми хитови ќе ги изведат Каролина Гочева, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Александар Тарабунов, Јана Бурчевска, Виктор Апостоловски, Нико Ѓоргиевски , Боран Стојков во придружба на Камерниот оркестар и хорот на Државното музичко училиште под диригентската палка на Владимир Димовски.
Концертот свое репризно издани ќе има и утре, повторно со почеток од 20 часот во Центарот за култура поради големиот интерес кај публиката.
„Да имаше уште плус два концерти салата ќе беше исполнета, билетите ги продадовме во експресни час и половина. Многу луѓе останаа без билети. Но, да потенцирам дека два концерти во услови на пандемија е еден во нормални услови“, рече директорката Маја Андоновска- Илијевски.
Таа посочи дека првичната идеа беше со овој концерт секогаш да го држат живо делото на Тоше Проески, но пред еден месец се случи загубата на Аки и се договориле значаен дел од концертот да биде и од неговиот музички опус.
„Битолската публика ќе има вистинска можност да ужива во најголемите хитови на Тоше Проеки и Аки Ракимовски. Тоа ќе биде програма која досега не се изведувала на сцената на Центарот и публиката ќе ужива во концерт кој ќе трае 1,40 часа“, рече Андоновска- Илијевски.