Webp.net gifmaker

СДСМ ќе поднесе претставка до Државната изборна комисија и Антикорупциска за конфликт на интерси, за одобрени пријави за гласање на  болни и немоќни лица  од страна на кандидатот за пратеник во 5 ИЕ од ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска. Ова беше најавено на денешната прес конференција на битолските социјалдемократи.

До толку ли власта е во хаос, та ги измешале брзините и една локална советничка зборува за реконструкција на регионални патишта, до толку се ли е распуштено, па збунетата советничка ја оставија на ветрот да се срами со неколку килиметри реконструиран регионален пат во повеќе од половина година, реплицираше денес Олга Лозановска, советничка од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес конференција на Костурска од СДСМ.

,,И Костурска и градоначалничката Петровска да излезат и да кажат зошто не направија барем во мал дел да го рехабилитираат животот на битолчани? Зошто не решијани еден проблем на битолчани и зошто упорно и мнозинството во Советот и Петровска ги одбиваат сите конструктивни наши предлози веќе години", рече Лозановска. 

Таа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ знае како да работи рамо до рамо до граѓаните и дека обновата ќе донесе светла иднина за граѓаните. 

,,До каде се со гасификацијата, со чистиот воздух, со Офицерскиот дом, со новиот спортски комплекс, новиот систем за управување со отпад, колку фабрики отворивте", праша Лозановска.

275 години ќе ви требаа да бидите на власт за да ги вложите парите што ние ги даваме за животна средина, им рече претседателот на Советот Валентин Груевски на советниците од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ кои денес ја критикуваа мерката за субвенционирање на клима инвертери во Битола. На денешната седница беа донесени измени и дополнувања на Програмата за живота средина за 2020 година, со тоа што буџетот се зголемува со 160 милиони денари или 2,5 милиони евра наменети за замена на печките на дрва со инвертер клими.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани