Webp.net gifmaker

До крајот на годината ќе се избере фирма која треба да изврши реконструкција на електростатските филтри во РЕК „Битола“ со што испуштањето на ПМ 10 честичките петкратно ќе се намали. Ова беше соопштено на денешната работна средба на заменик претседателката на Владата и актуелен министер за одбрана Радмила Шекеринска со раководството на РЕК „Битола“ предводено од генералниот директор Васко Ковачевски.

По цели 37 години работа за првпат ќе се реконструираат електростатските филтри на блоковите на енергетскиот стожер во земјава, РЕК „Битола“. Загрижува податокот што филтрите на првиот и вториот блок биле градени во периодот од 1979 до 1982 година, на третиот блок во 1986 година, а до денес не претрпиле никаква ревитализација. Дури и кога во 2007 година претходното раководство на Комбинатот ја започнало постапката за добивање на А интегрирана дозвола, иако намалувањето на прашината бил еден од условите, сепак, не се започнало со „освежување“ на филтрите.

ЕЛЕМ започнува со преземање на мерки кои во иднина ќе го намалат загадувањето на животната средина, а на компанијата ќе и ја донесат долгоочекуваната А- интегрирана еколошка дозвола. Во таа насока денес во РЕК се одржа презентација на проект за десулфуризација од страна на експерти од кинеската компанија „JET inc“.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани