2win800x200

Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 466 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

Во КОВИД центарот во Битола, заклучно со утрово хоспитализрани се  вкупно 78 позитивни и суспектни пациенти на КОВИД-19. Сите се со тешка клиничка слика, а 65 од нив се на кислородна поддршка, информираат  од Клиничка болница-Битола

Негативен е брисот на хирургот од Битолската болница кој беше тестиран на КОВИД-19 откако од коронавирус се разболе болничар од установата.

Резултатот на хирургот пристигнал уште вчера и тој е негативен, а двајца колеги на болничарот остануваат во изолација.

 

Привршуваат градежните активноси во кругот на Клиничката болница во Битола, со кои се подобруваат приодите кон оваа установа.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани