2win800x200

За период од една година новиот менаџерски тим на Клиничката болница Битола на чело со директорот д-р Зоран Лазаров, даде отчет  за сработеното и реализираното. Од 7 август лани кога болницата доби нов менаџерски тим до денес се  остварени  над стотина нови вработувања, нова опрема , применети нови методи за работа, обнова и реконструкции на повеќе одделенија. Клиничката болница Битола за последната година успеа да реализира 116 нови вработувања на медицински и немедицински кадар.

Клиничката болница од Битола ја тужи фирмата „Градски паркинзи“ поради неисполнување на обврските по договорот за одржување на пристапните патеки до паркинг местата во кругот на болницата. Во меѓувреме додека не заврши судскиот спор, со помош на Општина Битола, а во интерес на пацинетите и другите грашани, ќе се преасфалтира целиот двор пред оваа медицинска установа, соопшти за Апла.мк портпаролката на болницата, Сузана Конеска.

Клиничката болница  во Битола ќе распише конкурс за седумдесет нови вработувања од кои најголем дел ќе бидат лекари , а потоа и секаков друг вид кадар потребен за функционирањето на болницата. Новите вработувања ќе бидат финансирани со средства на болницата. Оваа информација за апла.мк ја потврди портпаролот на болницата Сузана Конеска.

Страница 3 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани