АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Опожарувањето на клубот во Битола нема да ги наруши односите меѓу двете земји, но ќе биде доказ од Северна Македонија дека не се користи насилство и говор на омраза, рече министерката за надворшени работи Теодора Генчовска при денешната посета на опожарениот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Таа изрази надеж дека македонските служби ќе спроведат брза истрага и ќе го фатат сторителот.
„„Како што ме увери началникот на Битолската полиција преземени се сите мерки и во најскоро време ќе следат резултати. Се надевам на конечни резултати за да има конечна пресуда за извршителот“, додаде министерката.
Генчовска рече дека ова никогаш не би можело да биде провокација од бугарска страна, но дека името на клубот нема да се менува, туку и понатаму ќе остане да се нарекува Ванчо Михајлов.
Пожарот беше подметнат утрово в очи работната посета на Генчовска на Македонија на покана на министерот Бујар Османи, со цел решавање на отворените билатерални прашања.
„ Продолжуваме со многу конструктивниот дијалог. Морав да излезам од средбата со Бујар Османи, сега се враќам пак, продолжуваме . Мислам дека ќе се договориме за нештата кои треба да се завршат од страна на Република Северна Македонија да биде исполнет договорот“, рече Генчовска.
Дали ќе го дигнат ветото во јуни рече дека зависи од Македонија и европските партнери.
Денес претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и МНР го осудија палењето на центарот. Ковачевски рече дека „во 21 век со палење и опожарување не се постигнува ништо“.
Клубот беше отворен на 16 април годинава во присуство на бугарскиот премиер Кирил Петков и други претставници од бугарскиот државен врв.
Непознати сторители рано утрово го опожарија културниот центар “Ванчо Михајлов“ кој се наоѓа на улицата Рузвелтова во Битола.