2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Со онлајн концерт насловен „Бетовен во Битола“ Здружението за македонско-германско пријателство од Битола се вклучи во чествувањето на 250 годишнината од раѓањето на големиот светски композитор Лидвиг ван Бетовен. Воедно Здружението испрати и честитка за големиот јубилеј до „Бетовен музејот“ во родниот град на композиторот Бон.

„Рихар Вагнер рекол јас верувам во Господ, Моцарт и Бетовен, вербата во нив и големиот јубилеј 250 години од раѓањето на Лудвиг ван Бетовен беа повод Здружението за македонско-гермaнско пријателство и соработка од Битола да организира концерт. При ваквите јубилеи два аспекта се важни: новата средба со новното дело и новата радост од она што го створиле и ни го подариле. Да отсвириш погрешна нота е незначително, да свириш без страст е неопростливо, рекол Бетовен. Нашите уметници со страст ги свират и ги пеат неговите дела“, рече Валентина Илиева, претседател на Здружението.

На концертот кој траеше еден час настапија уметниците Бобан Рајчиноски тенор, Марина Коруновска мецосопран, Фросина Макаловска сопран и Маја Митровска сопран во придружба на искусната  пијанистка Татјана Божиновска и помладите пијанисти  Ксенија Поповска, Андреа Николовска и Арсениј Ангелевски.

Концертот може да се погледне на веб страницата на Здружението www.zmgps.org.mk како и на нивниот јутјуб канал.

Погледнете го концертот:

https://zmgps.org.mk/?page_id=1131&fbclid=IwAR0DPDyqP6oJXYEM9UACM6g6kJBvrPCYZSOzYu5kRrG11iB96pZL6IBJsMM&lang=de

 

 

Со приредба на германски и македонски јазик, 70 ученици од 6 основни и средни училишта во Битола денеска ја одбележаа 23 годишнината од постоењето на Здружението за македонско-германско пријателство во Битола.  Д-р Валентина Илиевска професор по германски јазик и основач на здружението констатираше дека „ако пред 23 години професијата професор по германски јазик беше загрозена бидејќи имаше помалку настава по германски јазик, денеска можеме да се пофалиме дека во сите основи и средни училиште се одржува настава по германски јазик“. На свеченоста присуствуваше германскиот амбасадор во нашата држава Н.Е Томас Герберих и неговата сопруга.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани