АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со мал грант од Балканска Музејска Мрежа, поставена е подлога преку која Н.У. Завод и музеј Битола, своите музејски поставки ќе ги направи подостапни за сите лица. Преку збогатување на музејската веб страна и имплементација на QR кодови се имплементира нов пристап кој го збогатува доживувањето кај секој посетител.
Имено, средствата Балканска Музејска Мрежа се употребени за изработка на 14 аудио снимки со нарација на македонски и англиски јазик и 14 видео снимки со интерпретација на знаковен јазик на текстови за 14 експонати од постојаната музејска поставка. До нив може да се пристапи преку специјани изработени и поставени кодови до самите екпонати, кои може да се скенираат со таблети и паметни телефони. Со нивното поставување, еден дел на предметите на постојаната поставка се веќе достапни и за посетителите со оштетен слух и говор, но и за сите посетители на веб страната.
Најголемиот и најпосетениот музеј во светот, Лувр во Франција, потоа Музејот на Ван Гог во Амстердам и Ријкс Музејот каде се наоѓаат дела од Рембрант, исто така во Амстердам, Холандија, добија подобри оценки од едни од светски познатите трговски брендови како „Ролекс“, „Лего“ и „Канон“.
Креативните уметности можат да придонесат за подобро урбано живеење преку учество на граѓаните во текот на предлагање на решенијата.
Ова е идејата на проектот „Граѓански паметни скулптури- 4 D- Виртуелна урбана уметност“ кој преку изложба на проекти и фотографии и презентација на видео бим на непостоечки објекти во Битола кои биле од големо значење за градот од денеска е претставен за јавноста во Завод и музеј Битола.