„Граѓански паметни скулптури- 4 D- Виртуелна урбана уметност“-нова изложба во битолскиот музеј

Јануари 25, 2018

Креативните уметности можат да придонесат за подобро урбано живеење преку учество на граѓаните во текот на предлагање на решенијата.

Ова е идејата на проектот „Граѓански  паметни скулптури- 4 D- Виртуелна урбана уметност“ кој преку изложба на проекти и фотографии и презентација на видео бим на непостоечки објекти во Битола кои биле од големо значење за градот  од  денеска е претставен за јавноста  во Завод и музеј Битола.

На изложбата се поставени и стари фотографии од Битола монтирани во новата состојба од ист агол.  „Битола некогаш и денес“ ја подготвија Јове Парговски и Митко Крстевски.

-Целта на овој прокет беше да се вклучат сите граѓани од најмали до најголеми, средношколци, студенти, соседи, уметници и архитекти во урбаниот развој на градот. Уметниците работеа на модели, односно  нивни решенија за девастирани простори во градот врз основа на наши историски податоци, законската регулатива , идејата на граѓаните  и врз основа на тоа нивното идејно решение е презентирано во 3D- вели Ирена Ружин, раководител на прокетот од Завод и музеј Битола.27294924 337249770091729 925604347 n

Што се однесува до подпроектот на Завод и музеј Битола и ГАУС  Институт-Битола под наслов „4D урбана уметност“,трите димензии се моделите, а четвртата димензија е времето. ГАУС Институтот ја  подготви платформата urbandialog.net на која се предлагаа и поставуваа идејните решенија.

На почетокот на прокетот одредени се три локации во Битола, Џепането, платото пред битолскиот Музеј како и Јени амам во населбата Дрвен пазар.Трите  локации се земени како предмет во овој експеримент и во соработка со странските и домашните архитекти и уметници произлегоа голем број на решенија, што сега се презентираат.

- Што се однесува до Белата фонтана, кога ние го третиравме тој простор добивме информација од Општината дека тие веќе имаат усвоен проект. Странските и нашите  уметници за фонтаната имаа дијаметрално спротивни идеи. Едните го задржаа стариот лик на фонтаната и предлагаа расчистување на просторот и урбано уредување па дури и паноа за изложби околу фонтаната. Други сосема ја имаа отстрането фонтаната од идејните решенија и понудија нешто ново модерно, вели Ружин.

Италијанските уметници, пак Џепането во своите прокети го замислуваат како место за културни манифестации и простор за концерти. Од многу модерни и со напредна технологија ефекти до многу класични решенија, се понудени и за Јени амам. Според информацијата дека ќе се дислоцираат дрвените бараки пред амамот, уметниците предвиделе еден мал плоштад, вели Ружин.    

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и е дел од европскиот проект „Граѓански иновативни скулптури“кој се имплементира од 1 октомври 2014 до 30 април оваа година во осум земји во Европа од страна на 12 партнери.  27153225 337245996758773 1230053968 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани