2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Експонатите од битолскиот Завод и музеј достапни за лицата со попреченост

Февруари 19, 2019

Со мал грант од Балканска Музејска Мрежа, поставена е подлога преку која Н.У. Завод и музеј Битола, своите музејски поставки ќе ги направи подостапни за сите лица. Преку збогатување на музејската веб страна и имплементација на QR кодови се имплементира нов пристап кој го збогатува доживувањето кај секој посетител.

 

Имено, средствата Балканска Музејска Мрежа се употребени за изработка на 14 аудио снимки со нарација на македонски и англиски јазик и 14 видео снимки со интерпретација на знаковен јазик на текстови за 14 експонати од постојаната музејска поставка. До нив може да се пристапи преку специјани изработени и поставени кодови до самите екпонати, кои може да се скенираат со таблети и паметни телефони. Со нивното поставување, еден дел на предметите на постојаната поставка се веќе достапни и за посетителите со оштетен слух и говор, но и за сите посетители на веб страната.

 

Деталите на предметите можат да се разгледуваат и со поставената лупа на секој експонат, односно фотографиите на веб страната. Аудио и видео снимките се изработени во професионални студија, ангажиран е лиценциран професор за знаковен јазик и наратор. Текстовите за предметите ги подготвија кустосите/ конзерваторите, одговорни за овие експонати од Н.У. Завод и музеј.

Екипата која работеше на оваа активност веќе направи тест со децата од училиштето Кочо Рацин и  посакува што повеќе предмети од поставката да бидат достапни за сите посетители со различна попреченост. Во рамките на проектот опфатени се забите од мастодонт, ноќна ламба-луцерна, пафта, икона Св. Никола, Трагичната маска, Жртвеник, Спирали од Борислав Траиковски, Пејсаж од Борислав Траиковски, фрагмент од керамички сад, мозаик,  Портрет на девојче од Пецо Видимче, Портрет на партизан од Тоде Ивановски, Портет на Мустафа Кемал Ататурк, зградата на Н.У. Завод и музеј Битола.

Со овој пристап, се постигнува ист па дури и подобар ефект во споредба со скапи андроид  апликации.

музеј 4

музеј

музеј 3

музеј 5

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани