2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Митра Ристевска припаѓа на едно од четирите згрижувачки семејства во Битола. Таа веќе 15 години одгледува дете кое останало без родителска грижа. Во нејзиниот дом е од најрана возраст, сега е средношколец. Митра вели дека кај мајката згрижувач нема разлика дали го родила или само го одгледува детето, вели и љубовта и тагата и радоста се исти за сите деца во семејството.

-Што значи згрижувач? Тоа си пред да го земеш детето, потоа е исто како да си го родилa. Го сакаш и повќе од тоа, затоа што знаеш дека на детето му треба помош и многу љубов. На сите деца им посакувам да најдат семејство, да се згрижат, да бидат сакани, среќени и весели во семејствата, вели Митра Ристевска, згрижувач од Битола.

mit3

Во Битола има само 4 згрижувачки семејства, интересот е мал во споредба со соседните општини, каде бројот на вакви згрижувачи е над 30.

-На овие деца потребно им е семејство, потребен им е топол дом каде тие ќе растат. Згрижувачите се нашите херои, а битолчани се познати по својата хуманост, а хуманоста можат да ја изразат на овој анчин, да згрижуваат повеќе деца, рече Лидија Ѓошевска, директор на Центарот за социјални работи во Битола

lidija

Министерството за труд и социјала, заедно со СОС Детско село, отпочнаа кампања за поттикнување на хуманоста за згрижување деца и зголемување на бројот на потенцијални згрижувачи под мотото „Подај рака, промени живот стани згрижувач“, а каравнот денеска беше во Битола

-Се надеваме дека преку оваа кампања која е само почеток на нашите напори да се доближи идејата за згрижување и ќе се зголеми бројот на згрижувачки семејства и во Битола, рече Јасминка Кочовска од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства во Битола

На настанот, свое обраќање имаше и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, која нагласи дека во државата има 350 згрижувачки семејства кои се грижат за 600 корисници, но сеуште потребата за згрижувачки семејства е голема.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, нагласи дека, развојот на социјалните услуги во локалната заедница и нивната достапност до граѓаните треба да биде постојана заедничка заложба, на сите релевантни субјекти кои делуваат во оваа област.

thumbnail

-Локалната самоуправа, преку активно делување во делот на своите надлежности, ќе даде свој придонес во  идентификување на потенцијални згрижувачи кои ќе обезбедат грижа и заштита на децата и ќе овозможат одржување на врските со семејството, заедницата и културното потекло. Истовремено, се заложуваме за развој на систем на поддршка од други дополнителни социјални услуги кои понатаму ќе се усовршуваат и развиваат, согласно потребите на населението и граѓаните од овој град. , рече градоначалникот Тони Коњановски.

Едно згрижувачко семејство за згрижување на едно дете од државта добива 16.700 денари, за две згрижени деца по 14.500 за секое дете итн. За згрижување лице со попреченост, згрижувачкото семејство добива речиси 20 илјади денари

Убавините на Преспа, кои беа затрупани со тони ѓубре, сега се видливи за сите посетители и туристи. Големата акција „Читса Преспа, моја Преспа“ што ова лето ја започна локаланата самоуправа, наиде на огромна подршка од невладниот сектор, поединци, граѓани, но и бизнис секторот. Во акцијата  е вклучена и механзација, а се чистат дивите депонии, туристичките населби, но се уредуваат и плажите.

Статистичките податоци покажуваат дека традиционално, во летниот период,  двојно се зголемува бројот на сообраќајни незгоди, а со тоа двојно се зголемува и бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди. Минатата година во месеците јули и август 28 лица го загубиле животот во несреќи на патиштата низ државата, а за да се намали оваа бројка , летово се реализара кампањата под мотот „ Тргни порано, вози побавно, стигни безбедно. Оваа лето, безбедноста на прво место!" - Вози одговорно!

Управата за јавни приходи од денеска во Регионалната дирекција во Битола ја  започна кампања со која ќе ги анимира граѓаните да ја исполнат  својата законска обврска електронски да се регистрираат во системот е-персонален данок на доход  во УЈП, најдоцна до 31 декември годинава.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани