2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Заморот може да биде погубен, возачите да не го занемаруваат, апелираат од РСБСП

Август 09, 2019

Статистичките податоци покажуваат дека традиционално, во летниот период,  двојно се зголемува бројот на сообраќајни незгоди, а со тоа двојно се зголемува и бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди. Минатата година во месеците јули и август 28 лица го загубиле животот во несреќи на патиштата низ државата, а за да се намали оваа бројка , летово се реализара кампањата под мотот „ Тргни порано, вози побавно, стигни безбедно. Оваа лето, безбедноста на прво место!" - Вози одговорно!

00059.MTS.Still001

Кампањата   ја спроведува  Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, заедно со МВР, АМСМ, Сообраќајниот центар „Америт", Црвен крст, ЈП за државни патишта, а денеска на возачите во Битола им беа поделени флаери, како и вода. Предупредија дека  високите температури и заморот како последица на нив е фактор кој што може да биде причина за сообраќајна незгода.

00061.MTS.Still001

-Делиме флаери на јавни места, патарините, на граничните премини за да се предупредат возачите да ги почитуваат правилата и прописите и да не го занемаруваат заморот, посебно на овие високи температури, поради што делиме и вода. Заморот може да биде сериозен проблем при возењето. Целта на оваа кампања е подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата за време на летниот период во услови на висока температура и зголемена сообраќајна фрекфенција, рече Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП.

00062.MTS.Still001

Од полицијата велат дека потребно е да се подигне свеста на граѓаните, посебно на помладата популација

00065.MTS.Still001

-Денеска сите активности се превентивни за да ја подегнеме свеста кај битолчани, посебно кај помладата популација. Големиот дел имаат добра сообраќајна култура, а дел од нив не ги почитуваат прописите и правилата во сообраќајот. Посебно апелирам оние возачи кои вршат јавен превоз да бидат пример како да се оденесуваат другите возачи. Според мене, казните не се мерка, туку поставноста на сообраќајна полиција и превентивните мерки се важни. Ако има повеќе полиција граѓаните се повинамателни, вели Сашо Гилевски, началник на секторот за превенција во СВР Битола.

00068.MTS.Still001

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани