АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од Општина Битола информираат дека во тек е изградба на коловоз на улица Крушевска Република во должина од 490 метри, зад стадионот „Петар Милошевски“.
Наредени мотори на среде коловозот од улицата во новата населба во битолската Касарна, подготвени за старт на трката. Фотографијата е направена денеска во 17 часот, а станарите од околните згради велат дека немаат мир од буката што се создава, но стравуваат за својата и за безбедноста на нивните деца.
Владимир Талески, заминува од градоначалничката фотеља, оставајќи ја поранешната касарна како големо градилиште наместо ветената урбана населба. Три асфалтирани улица, незатворени шахти, ископано – незавршено, земјени пристапи, кал и ѓубре, вака накусо може да се опише моментната слика во новата населба, која уште на самиот почеток доби холивудско име „Златен рид“.