АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Наредени мотори на среде коловозот од улицата во новата населба во битолската Касарна, подготвени за старт на трката. Фотографијата е направена денеска во 17 часот, а станарите од околните згради велат дека немаат мир од буката што се создава, но стравуваат за својата и за безбедноста на нивните деца.
-Трките се случуваат на новозиградената улица од потегот кај градскиот стадион до студентскиот дом. Не само што постојано сме изложени на неиздржлива бука што ја создаваат моторите, туку ова е навистина опасно, затоа што се случува во населено место, каде минуваат возила, велоспидисти, пешаци, а посебно е опасно за децата, вели еден станар.
Претходно жителите секојдневно биле вознемирувани од автомобили кои чкрипеле со гумите вртејќи во круг на ова место.
-Ова со моторите е нова мода, откако по пријава спречивме неподнослива бука, но и опасно вртење на автомобилите во круг, за да остават траги на среде улица кои се уште се видливи, велат станарите.
И денеска случајот го пријавле во сообраќајната полиција, од каде им рекле дека веднаш ќе интервенираат..