АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Европската унија и во иднина ќе биде партнер и ќе и помогне на општина Битола за нејзин напредок и реализација на приоритеите, рече амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар на денешната средба со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска. Евроамбасдорот истакна дека со Петровска раговараа за досега реализираните прокети со поддршка на ЕУ, но и за проблемите со кои се соочува оштината и можноста Унијата да помогне во нивно надминување.
Градоначалничката Наташа Петровска најави дека во буџетот за 2018 година се предвидени пари за експропријација на земјиштето каде ќе се гради прочистителната станица во Битола. Потоа за оваа еколошка инвестиција ќе следува објавување на тендер, избор на изведувач и потпишување на договор.
Ако се` се одвива како што треба во 2019 и 2020 година предвидено е изградба на станицата и канализационата мрежа и крајно 2021 година се` комплетно да биде ставено во функција.
-Предвидено е да се обезбедат 17 милиони денари за експропријација на земјиштето за прочистителната станица. Изградбата на станица е еден голем предизвик и за мене како градоначалник и за вас како советници, рече градоначалничката Петровска.
Бившата локална власт неуспеа да го реализира проктот прочистителна станица за Битола. Од големото ветување направи единствено физибилити студија, иако се најавуваше дека станицата ќе биде комплетно готова до крајот на 2018 година.
Овој проект ќе чини вкупно триесет милиони, од кои 21 милион се обезбедени преку ИПА фондовите, а останатите од Владата на Република Македонија.
Општина Битола ги намали непродуктивните трошоци, а тие ќе опаѓаат и во 2018 година. Градоначалничката Наташа Петровска рече дека и таа се придржува кон тоа, па во изминатите два месеци откако го презеде градоначалничкото место не направила ни еден трошок по основ на репрезентација.
Штитениците на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ во Битола денеска се претставија со рецитаторски и музички точки, на предновогодишната забава на која присуствуваше и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска. Таа заедно со Дедо Мраз, со новогодишни пакетчиња и топла порака им посака најискрени желби на децата.
Објавувајќи ја програмата за дочекот на Новата година на плоштадот Магнолија, градоначалничката Наташа Петровска испрати емотивна порака на својот фејсбук профил до битолчани.
-Драги мои, животот е премногу краток за да зборуваме само за проблемите. Доаѓа Нова Година. Можеби недоволно, можеби премногу, но сепак ќе се израдувам со сто насмевки за барем една разбудена ваша насмевка со програмата на плоштадот. Да сте здрави и живи. Јас да бидам ВАША на дела, не на зборови, пишува Петровска на својот фејсбук профил.