Петровска не направила ни денар трошок за репрезентација

Декември 29, 2017

 

Општина Битола ги намали непродуктивните трошоци, а тие ќе опаѓаат и во 2018 година. Градоначалничката Наташа Петровска рече дека и таа се придржува кон тоа,  па во изминатите два месеци откако го презеде градоначалничкото место не направила ни еден трошок по основ на репрезентација.

Штедењето се презеде  како мерка поради наследените долгови од околу 13 милиони евра од претходната локална власт.

„Во меѓувреме обврските растат со нови тужби и нови ситуации. Поради наследената состојба, буџетот за 2018 година е креиран во правец на финансиска стабилизација на Општината. Затоа предложив буџет кој е помал во однос на буџетот од оваа година. Но, намалениот буџет нема да значи намалување на расходите кои ќе означуваат развој на Општината, туку се намалени непродуктивните трошоци, а  расходите за инфраструктура и градежни објекти се повисоки од годинешните“, рече Петровска.

Средствата за развојни програми за инфраструктурни објекти од 150 762 720 денари колку што изнесуваа годинава, за идната 2018 година се зголемени на 168 898 497 денари. Инаку Општина Битола следната година ќе има на располагање буџет од една милијарда и седумстотини четириесет и пет милиони денари, односно скоро 28,5 милиони евра. Од нив, основен буџет, односно буџетот во кој не влегуваат средствата што во општинската каса се слеваат како дотации од Владата на Република Македонија, изнесува 700 милиони денари, односно скоро 11,5 милиони евра. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани