2win800x200

Најдолгата пешачка зона, Широк Сокак, има сѐ помалку место за пешаци. Иако на секоја делница од главната битолска улица, поставен е сообраќаен знак за забрана за возила, запрежни коли,  велоспеди и мотори, сепак се почесто може да се забележи дека не се почитува сигнализацијата, со што во опасност се пешаците, а најмногу децата.

И покрај високите температури битолчани, но и странските туристи уживаат во претпладневните часови на  Широк Сокак уживајќи во  вкусно кафе и топол  ѓеврек. Мирисот на свежо печени ѓевреци ги мами минувачите  особено повозрасните кои се сеќаваат дека во Битола во минатото на секој агол, во секое  маало имало фурни.  

sirok

 

sirok 6

sirok 5

sirok 4

sirok 3

sirok 2

sirok 1

 

Со трска како да е трло е ограден еден од угостителските објекти на Широк Сокак.

Од рано наутро најдолгата пешачка зона во Битола, Широк Сокак, се мети и чисти од сметот и се подготвува за новиот ден.

Пред да се отворат дуќаните, кафичите и кафеаните за муштериите, комуналците ги чистат  и празнат контејнерите и кантите за отпадоци, а во тоа им помагаат и дуќанџиите.

Комуналците велат дека имаат полни раце работа, особено  сега кога во најголем дел од дуќаните се изложува новата пролетна гардероба.

 ss5

ss2

ss3

ss4

 

Суденото време не ги поколеба битолчани да излезат на вообичаената вечерна прошетка на Широк Сокак. Снегот го исчисти воздухот на задоволство на сите. Па една „волта“ од плоштадот  Магнолија до Шеталиште не е на одмет велат повозрасните , додека помладите ги обиколуваат продавниците и кафичите на најпрометната улица во градот.

sokak 1

sokak 2

sokak 3

sokak 4

sokak 5

sokak 6

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани