2win800x200

Денеска е пазарен ден во Битола, а тезгите на Градскиот зелен пазар тежат од свежи земјоделски производи, зеленчук и овошје. Повозрасните битолчани пазаруваат , додека помладите  го пијат претпладневното кафе на Широк Сокак и уживаат во прошетките на Градското шеталиште.

p2

 

s 1

p3

s2

p4

s4

p5

s3

Студот, снегот и маглата на овој битолчанец не му можат ништо. Тој денеска се прошета по Широк Сокак по куси панталони и ракави, спремен за џогирање, како на среде лето.

Широк Сокак е исчистен од снегот и прооден, а битолчани и покрај студеното време повторно на кафе или на прошетка на чист воздух. Врнежите снег преку ден ги паднаа и концентрациите на ПМ 10 честичките во воздухот. Двете мерни станици во центарот и периферијата на градот денес измерија присуство на ситни суспендирани честики под дозволениот максимум. Тешко дека ваквиот тренд ќе остане и вечерва кога ќе се разгорат ќумбињата.48398676 729230774125610 5859850183759626240 n

48377419 515305602294570 5697522371548676096 n

48415245 405027053639985 6147415050433855488 n

Симеон Бундалевски ја донел електричната светлината во Битола уште пред 94 години. Овој битолски Никола Тесла немал ни дозавршено технички факултет, но успеал градот да го електрифицира во 1924 година, само три-четири лета по Скопје. Неговата заслуга е уште поголема зашто може да се каже дека минал низ иглени уши за да изгради првата битолска електроцентрала. Породилните маки на битолска Дистрибуција од пред еден век слични се на некои настани од поновата историја. И во тоа време имало корупција, алчност и опструкции.

Започна унифицирањето на оградениот простор пред кафулињата на Широк Сокак. Одлуката што ја донесе Советот на Општина Битола за унифицирана ограда пред кафулињата е во сила, а надлежните се надеваат дека сопствениците на локалите ќе ја почитуваат.

Деновиве две кафулиња на Широк Сокак поставија огради кои наликуваат на пропишаните услови од одлуката, односно се малинесто зелени со рамки со валкано бела боја.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани