АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советот денес даде согласност за годишниот план за вработувања во општинската администрација на Општина Битола за следната 2020 година. Според донесениот план, моментално во општинската админситрација има 146 вработени, а по основа на пензионирање и испразнети работни места за в година се планираат 36 нови вработувања.
За период од една година новиот менаџерски тим на Клиничката болница Битола на чело со директорот д-р Зоран Лазаров, даде отчет за сработеното и реализираното. Од 7 август лани кога болницата доби нов менаџерски тим до денес се остварени над стотина нови вработувања, нова опрема , применети нови методи за работа, обнова и реконструкции на повеќе одделенија. Клиничката болница Битола за последната година успеа да реализира 116 нови вработувања на медицински и немедицински кадар.
Клиничката болница „Др.Трифун Пановски“ од Битола денес објави два конкурса за вработување на неопределено на 70 лица, од кои 52 медицински кадари, а останатите 18 кадри кои не се медицинари. Конкурсот ќе трае во следните пет дена и со новите вработувања болницата ќе се поднови со нови кадри во интерес на пружање поквалитетна здравствена услуга на пацинетите.