АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Статистичките податоци покажуваат дека традиционално, во летниот период, двојно се зголемува бројот на сообраќајни незгоди, а со тоа двојно се зголемува и бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди. Минатата година во месеците јули и август 28 лица го загубиле животот во несреќи на патиштата низ државата, а за да се намали оваа бројка , летово се реализара кампањата под мотот „ Тргни порано, вози побавно, стигни безбедно. Оваа лето, безбедноста на прво место!" - Вози одговорно!
Не е првпат Пелистер да побели во јуни, на крајот од пролетта, па дури и на среде лето. Вакви појави имало и во други години освен вчера кога заврна снег на Пелистер, а Апла.мк ексклузивно го објави видеото од снежната вејавица на врвот Антена снимено од Пецо Стојчевски, вработен во предавателниот пункт на Македонската радио телевизија.
Така, според напис во весникот „Битољске новине“ , а кој го пренесува професорот Александар Стерјовски во неговата книга „Записи за злосреќи“, снег паднал до подножјето на Пелистер пред 86 години, поточно на 28 мај 1933 година.